„Исламската држава“ добива украдени Тојоти од Австралија?

Откако светот го крена на нозе прашањето „Од каде `исламската држава` има толку Тојоти“, медиумите се зафатија со темата.

Прочиај повеќе: Од каде дојдоа сите овие Тојоти?

Наводно, белите пикапи „Тојота Хајлукс“ кои сега се наоѓаат последователно во сопственост на терористите од „Исламска држава“ биле украдени во Австралија, пренесоа Xinhua.

Пикапот „Тојота Хајлукс“ е во последно време најкрадениот автомобил во австралискиот град Сиднеј. Во последната година се пријавени како украдени 834 возила од овој модел.

Според австралискиот специјалист за тероризам проф. Грег Бартон поголемиот дел од автомобилите се шверцуваат кон Турција, а оттаму се испорачуваат на “Исламска држава” во Сирија. Според него, “Тојота” го пуштаат овој модел најмногу во саканата бела боја на терористите, а освен тоа во задниот дел лесно може да биде ставен митралез.

Во моментов продавачите на автомобили во Австралија почнаа да ги предупредуваат своите клиенти за високата веројатност за кражба на предметниот модел.

- Реклама -