Од каде дојдоа сите овие Тојоти?

Ова е прашањето кое Американците си го поставија откако бројни видеа покажаа дека “Исламска држава” главно се вози во возила од популарната јапонска марка.

Од “Тојота” изјавиле дека немаат идеја каде исламистите ги набавуваат нивните автомобили, но факт е дека ако заработуваат од извозот на нафта меѓу 20 и 50 милиони долари дневно, плус огромна количина пари (помеѓу 500 милиони и една милијарда долари) од грабежите при заземањето на Мосул, тогаш не е тешко да се дојде до пикап, џип или камион.

Дел од овие автомобили влегуваат сосема непречено низ Турција, која отсекогаш била депо за извоз на автомобили кон Блискиот Исток. Што уште влегува со овие автомобили кон Сирија, само Турција знае. На сликата радикалните исламисти се возат во Тојоти натоварени со тешка артилерија.

t1

Во случајот станува збор за т.н. „талибански БТР-и“ – со монтирани во каросеријата 12,7 мм или 14,5-мм милиметарски митралези или гранатофрлачи.

Една машина како БТР-80, може да чини помеѓу 200 и 300 илјади долари, а освен тоа производителите немаат широка дилерска мрежа – продажбата е строго регулирана. Имено, за цената на една блиндирана машина добивате десетина пикапи и соодветно зголемување на бројот на луѓе кои можат да се управуваат во нив.

Дури и да бидат уништени од реактивен проектил или друго, тие се лесно заменливи. Во конфликти со низок интензитет, каде основна тактика е “тресни и бегај”, овие техники се незаменливи – да не зборуваме дека огнената моќ на десетина такви брзо маневрира, а тоа го докажаа успесите на муџахедините во 80- тие против деморализираната советска армија во Авганистан. Истото го докажува и “Исламска држава” што ја зафати ирачката армија, обучена и вооружена од САД.

t2

Од втората светска војна, па навака овие машини стануваат толку популарни, што де факто можат да се видат во сите конфликти во Африка од 80-тите години наваму – Западна Сахара, Либерија, конфликтот меѓу Либија и Чад.

Во 1987г. чадските војници успеваат да задржат победа над тешко вооружената либиска армија, со тоа што користат пикапи. Тогаш станува познат и еден друг факт – противтенковските мини не се активираат, ако врз нив не помине полесен пикап со голема брзина. Списанието Тајм го нарече конфликтот “Големата војна на Тојота”.

Потоа, за време на конфликтот во Сомалија, различните групи исто така користат пикапи, а филмот “Black Hawk Down” го овековечи овој судир на Американците со техники како средство за урбана партизанска војна.

Оттогаш наваму пикапите станаа дел од секоја војна, а ликот на Осама бин Ладен, како слегува од својата бела Toyota Landcruiser, со Аксу-74 преку рамото останува запаметена од страна на секој џихадист.

Во основата на сето тоа стои легендарната машина Toyota Hilux, наречена “неуништив камион”. За секој кој бил во пустинска држава и разговарал со сопственик на теренски џип или пикап, светот се дели на Тојота и сите други.

Практично сите агенции за прошетки со џипови во пустината, кои нудат услуги во Емиратите или Оман, оперираат со џипови Hilux, главно поради исклучителната сигурност и издржливост. Ова е потврдено и во последните конфликти.

t3

- Реклама -