14 луѓе убиени на премиерната претстава на The Dark Knight Rises во Колорадо

Половина час по полноќ во Колорадо или рано утрово, околу 7.30 по македонско време, започна да се прикажува The Dark Knight Rises. Премиерната претстава беше кобна за 14 луѓе, а преку 50 се повредени во пукањето што се случило за време на првото прикажување.

Според полицискиот извештај од одделот во Аурора, предградие на Денвер, Колорадо, половина час по полноќ, непознат маж влегол во кино салата во комплексот каде што започнал да се прикажува The Dark Knight Rises. Претходно фрлил некаков канистер, а потоа отворил оган од автоматско оружје. До сега се пријавени 14 убиени луѓе, а преку 50 се префрлени во околните болници, каде што ја добиваат потребната медицинска помош.

Полицијата има притворено еден осомничен, а според нивните проценки тој работел сам и за сега немаат причина да се сомневаат дека се работи за терористички акт од поголеми размери. Дополнително треба да биде утврден мотивот за ова злосторство. [Police: 14 dead in Colorado theater shooting]

Дополнување: Видео од случувањата пред кино комплексот:

{youtube}T7sIiqq66rk{/youtube}

- Реклама -