– Почнувајќи од денеска можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот на бисерите со лансирањето на новата StreetView галерија во Македонија.
Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата.
Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.
Марта Арсовска Томовска, Заменик министер за Информатичко општество и администрација на Република Македонија, вели: Многу сме возбудени со најавата од Google да го лансира StreetView Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на измината година и со нетрпение очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека GoogleStreetView ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот.”
„Доколку ги следите гигантските чекори на новата технологија, тоа во секој случај е добро институционално управување. Сепак, се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање начекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Гугл во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава”, изјави Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекција за заштита на личните податоци
Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од StreetView технологијата со бесплатно вградување на
GoogleMaps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.
За повеќе информации за StreetView и како може да се користи за рекреативни и деловни цели ве молиме посетете го линков тука.