Приказна за незадоволството

Паднал еден човек во рајот. Кога разгледал наоколу забележал дека сите се радосни, среќни, добродушни, возвишени, а сето она со кое што биле опкржени било идентично како на Земјата. 

На човекот му се допаднало, но не можел да издржи, а да не го праша Архангел:

– А може ли да видам како е во пеколот?

– Нема проблем, ќе ти покажам.

Двајцата се симнале во пеколот. Таму сè било исто како во рајот, а единствената разлика била тоа што луѓето изгледале зли, навредени, лути, се туку нешто мрмореле.

Човекот прашал: – Но, тука е исто како во рајот! Зошто сите се толку незадоволни?

– Затоа што мислат дека во Рајот е поубаво.

- Реклама -