Исламска легална проституција

„Mutah“ бракот е институција на „сладострасен брак“ во кој мажот и плаќа на жената или на нејзиното семејство извесна сума пари во замена со временски ограничен брачен однос, односно негова консумација. Сунитите го сметаат за одвратна навика, додека кај шиитите е сосема нормален.

Во прашање се бракови по договор (како и сите во исламот) со рок на траење: тој период може да биде еден час, а може да потрае и до една година, со можност за продолжување, но во принцип не постои минимална или максимална граница.

Шиитските муслимани може да влезат во неограничен број на вакви бракови, кои се признаени од страна на свештени лица, додека жените мора да бидат немажени, да бидат муслиманки или барем еврејки или во најмала рака христијанки, да бидат скромни и не треба да бидат девици.

Tan2015-9-21_142912432_1-620x350

Разводот е непотребен бидејќи тој настапува автоматски во времето наведено на сертификатот, кој се заверува кај свештено лице, иако договорот може да биде и усен. Жената, после тоа не смее да влезе во нов брак три месеци,  додека мажот може веднаш да се прежени.

Жените кои се впуштаат во ова обично се вдовици или распуштеници. Тие по правило не мора да делат ист кревет со нивните сопрузи (бидејќи обично со нив се наоѓаат во хотели и мотели), не мора да живеат со нив и не можат да го наследат нивното богатство. Ако случајно забременат може да имаат абортус, но тогаш мора да платат парична казна на свештеникот.

Тие во овие бракови влегуваат или да го задоволат својот сексуален нагон или да преживеат финансиски. Пред десет години, цената на еден час брак изнасувала 100 долари, или 200 долари месечно.

Tan2015-9-16_16653494_8-670x446

- Реклама -