Препрека на епохалното откритите: Водата на Марс не смее да се испитува

Според Одборот за истражување на вселената, местата на кои што е откриена вода се многу чувствителни поради што таму би смеела да се доближи посебно стерилизирана машина која нема да ја наруши состојбата на вода и можните микроорганизми кои постојат.

Водата на Марс е епохално откритите кое што НАСА неодамна го објави, притоа, сомневајќи се дека постојат шанси на планетата да има живи суштества. Меѓутоа, прашањето кое се поставува следно е – што понатаму?

Посебни региони каде роверот воочи вода не можат само да бидат истражени. Според Одборот за истражување, местата на кои има вода се многу чувствителни поради што таму би смеела да се доближи посебно стерилизирана машина која нема да ја наруши состојбата на вода и можните микроорганизми кои постојат.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Според правилата, за детално истражување на овој регион потребен е строго и посебно стерилизиран брод кој допрва треба да се развие и нормално да се вложат милиони долари во неговиот развој.

Доколку сакаат да испратат човечки вид, се јавува нов проблем – како и во колкава мерка треба да се стерилизира нивната опрема. Иако многумина тврдат дека правилата за потенцијално загадување се премногу строги, научниците истакнуваат дека мораат да го зачуваат Марс од микроорганизми од планетата Земја кои можат да го загрозат истражувањето.

- Реклама -