Трамп: Би ги вратил сите бегалци назад во Сирија

Доналд Трамп –  републиканскиот кандидат за претседател на САД изјави дека доколку биде избран ќе ги врати во Сирија сите бегалци, кои ќе пристигнат во неговата земја, пренесува Танјуг.

– Доколку победам тие заминуваат назад, порача Трамп на митинг во Нов Хемпшир.

Трамп со оваа изјава малку го измени претходниот став. Тој на почетокот на минатиот месец за Фокс њуз изјави дека САД би требале да примат повеќе бегалци.

– Слушам дека сакаме да примиме 200 илјади Сиријци.

Слушајте, но тие би можеле да бидат Исламска држава, рече Трамп, нарекувајќи ја таа група луѓе „војска од 200 илјади лица“.

- Реклама -