Порано или подоцна животот на Земјата ќе заврши, тврдат научниците. Според една од теориите за крајот на светот, Сонцето ќе ја грее премногу силно нашата планета и целата вода ќе исчезне.
За да не се покаже човештвото неподготвено за Апокалипса, научниците уште сега предлагаат да се продолжи со колонизирање на Марс.
НАСА се надева дека ќе открие начини да гради домови за астронаутите, без да мора да прави постојани испораки на градежни материјали од Земјата. За таа цел создаде конкурс. Имено, наградниот фонд на натпреварот беше 2,25 милиони долари. Првата фаза започна на 16 мај и заврши на 27 септември.
Учесниците требаше да поднесат архитектонски проекти на згради кои ќе бидат изградени со технологијата за 3D печатење од локални материјали.
Американската вселенска агенција ги избра 30-те најдобри “куќи на Марс”. Ви претставуваме некои од нив.
Локален балзат
Екипата на Hybrid Composites предлага да се премине од саканиот “цементен пристап” во 3D технологијата кон хибриден пристап и да се користат композитни материјали и полимери за брзо стврднување, кои реагираат на топлина или ултравиолетова светлина. За производство на нишките според дизајнерите совршено прилагоден е локалниот базалт.
Сите во бункер
Проектот на Mars Terrain Intelligence Collaborative ја комбинира примената на метал и силициум диоксид за заштита на патниците. Челичните и силициум форми на бункерот ќе ги штитат жителите на Марс од сончевото зрачење, од метеорити, силни ветрови и сродните песочни бури.
Со поглед кон морето
Екипата на Team Staye разви живеалиште во почвата во регионот на т.н. смрзнато Екваторско Море. Најлесниот пристап до вода, заштитата од космички зраци и топлите дневни температури ќе го прават ова место идеално според дизајнерите. Бункерот се состои од неколку нивоа, секое со различна намена.
Леден дом
Ледениот дом за астронаутите е предложен от SEArch/Clouds Architecture Office. Концептот на ова живеалиште се потпира на изобилието од вода и ниските температури во северните ширини на Марс.
Територија под капак
Во проектот предложен од екипата на LeeLabs, астронаутите ќе треба да испечатат голем тврд капак, со кој ќе ги покријат и заштитат куќичките што ќе резултира со можно создавање на бази во различни географски услови.
Освен тоа таков пристап би можел да го олесни идниот раст на станови и населби на Марс, бидејќи надворешната школка може да биде продолжена и регулирана.
Гумена куќа
Проектот на Gamma предвидува потенцијално можен различен релјеф на површината и претпоставува гумени модули кои можат да се распоредат во различни рутини.