НАСА потврди: На Марс тече вода

Тече вода на Марс! Ова денеска го потврди НАСА која вели дека во текот на летните месеци на црвената планета тече вода низ кањоните и кратерите со што се зголемува шансата на Марс да постои некаква форма на живот.

марс

Водата со себе остава долги и темни дамки кои можат да одат и неколку стотина метри нaдолу на површината на Марс во текот на летните месеци, пред да ги исуши есента, откако ќе опадне површинската температура.

Фотографиите снимени на Марс прикажуваат стрмни падини и кратери прошарани со овие дамки на места на кои течела водата, а целата глетка потсетува на лепеза.

Научниците уште не се сигурни како стигнала водата до тука, но претпоставуваат две опции – од подземниот мраз или пак да се кондензира од тенкиот слој на марсовската атмосфера.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

„Денес постои течна вода на Марс. Поради тоа се сомневаме дека е можно да постои облик на живот“, изјави Мајкл Мејер, водечкиот НАСА научник за истражување на Марс.

Водотекот може да им послужи на НАСА и другите вселенски агенции да пронајдат живот надвор од нашата планета, но и да обезбедат место за идна вселенска мисија, од каде што може да се собере вода од природни услови.

- Реклама -