На планината Гросглокнер, на територијата на покраината Салцбург, денеска од безбедносни причини затворен е патот за сообраќајот.
Снежната покривка, која го прекри тој дел од Австрија достигна 50 сантиметри, а помеѓу Терла и Хохтор снежните виулици беа премногу силни.
По летото со рекордни жештини, во Австрија дојде до заладување на времето кое ја донесе првата снежна покривка, и тоа висока половина метар.