Лавовите рикаат, волците завиваат, кучињата лаат, што прават жирафите?

Досега се веруваше дека за разлика од останатите, слични видови животни, на жирафите им недостасуваат некои комуникациски вештини. Најверојатно заради должината на вратот тие не можат да произведат посилна вокална способност, туку само по некое споредно „брефтање“. Дали тоа е навистина така?

giraffe444

Лавовите рикаат, волците завиваат, кучињата лаат, што прават жирафите? Тие мрморат, и тоа исклучиво навечер, тврдат австралиски научници кои работеле на оваа необична студија која неодамна е објавена во списанието BioMedCentral.

Giraffe (Giraffa camelopardalis) running on the African plains, South Africa

Оваа група научници, предводена од Ангел Стегер од Виенскиот универзитет снимала жирафи низ три европски зоолошки градини, ни помалку ни повеќе, 947 часа. На овој начин, тие утврдуваат дека овој специфичен вид животни испушта звук, сличен на мрморење. За ова мрморење, велат дека има „богата хармонична структура“, и се случува исклучиво навечер, па затоа не треба да се чудиме дека
чуварите на зоолошките градини никогаш го немаат слушнато.

giraffe-05
Научниците истакнуваат дека на постоечкиве докази може да се заклучи дека жирафите, по пат на мрморење можат да воспостават комуникација и кога не можат да се видат една со друга во темница.

- Реклама -