Влегле 44.000 бегалци: Унгарците поставуваат жица и ограда

Граничниот премин во Гола е само на 14 километри оддалечен од илегалниот премин кај Ботова, кој веќе шест дена е една од најискористените рути за трансфер на бегалците од Хрватска во Унгарија.

Унгарската војска од раното утро, според одлуката на власта, поставува бодликава жица и ограда во должина на граничниот премин кај Гола.

Дали Унгарците планираат да ја продолжат оградата кон Ботова не е познато, но доколку така одлучат тоа би можеле да го реализираат доста брзо.

Од Товарник утрово тргнал воз со бегалци за Ботова и судејќи по сè, лицата би требало да ја поминат границата во Унгарија без проблеми, но за возот кој трга попладнево повеќе ништо не е сигурно.

 

- Реклама -