Ако користите Google Chrome избегнувајте го линков по секоја цена

Доколку го користите пребарувачот Google Chrome, морате да знаете дека постои нова маана која може да доведе до тоа да забагува.

chrome

Проблемот е поврзан со специјално направен линк од 16 карактери кој кога ќе го впишете во полето за пребарување доведува до бескорисност на хромот. Она што е најлошо е тоа што дури не е потребно ни да притиснете enter по внесувањето.

Потврдено е дека овој напад може да направи хаос на последната стабилна верзија на пребарувачот (Chrome 45).

Ако сакате да проверите дали е вистина, само впишете ги следните карактери, но на сопствена одговорност.

http://a/%%30%30

Внесувањето на овој код доведува до престанок на работата на Chrome или табот во кој е отворен.

Оваа маана нема да прави проблеми на Android, но ќе прави на PC i Mac платформите.

- Реклама -