ВИДЕО: Дерик Меј & Џијан Емин @ Weather Festival 2015 Paris

Пионерот на детроитската електронска сцена на 4 јуни оваа година настапи на отворањето на големиот париски фестивал „Weather Festival“.Dzijan

Настапот беше во организација на скопската продуцентската куќа „Излет мјузик“ во соработка со „Трансмат – Детроит“. Како солист на пијано настапи светски познатиот Франческо Тристано, а од Македонија настапија Емин Џијан, како диригент и одговорен за оркестрациите, челистката Маријана Николовска и режисерот Игор Иванов-Изи, задолжен за целокупната визуелизација, анимации и светло. Концертот е фузија од електронска и класична музика, светлосни ефекти, видео и аудио поддршка. Соработката меѓу „Излет мјузик“ и Дерик Меј започна минатата година под наслов „Музика универзалис“ кога Меј настапи заедно со Македонската филхармонија во Античкиот театар во Охрид. Концертот во Париз го емитуваше ТВ Арте, најпрестижата европска телевизија специјализирана за културна програма.

- Реклама -