Експертите советуваат кое е најдобро време за полнење на телефонот

Признајте, мобилниот телефон го полните цела вечер иако сте слушнале дека на тој начин се намалува капацитетот и го скратувате векот на траење на батеријата.

polnenje-na-telefonot

За среќа, имаме добра вест. Како што тврди Џеси Холингтон, експерт на темата, тоа воопшто не е точно.

„Полнењето на вашиот телефон во текот на ноќта ни најмалку нема да и наштети на батеријата. Полнењето на батеријата кога е веќе на 90 проценти капацитет, исто така нема да наштети. Едноставно е невозможно да го пренаполните ајфонот или било кој друг модерен електричен уред“, вели тој.

„Секој уред има вградено систем кој го стопира полнењето, откако ќе се наполни 100 проценти.

Животниот циклус на батеријата е околу 500 полнења.

Џеси тврди дека слободно можеме да го полниме секој мобилен уред кога и да ни затреба и дека животниот циклус од околу 500 полнења ( од нула до 100 посто) ќе остави трага на батеријата, без оглед на тоа на кој начин и кога ја полните. Тој не советува  дека e препорачливо батеријата целосно да се испразни пред новото полнење, отколку да се дополнува кога ќе се укаже потреба за тоа.

„Батеријата на паметните телефони е паметна како и самите телефони. Секој пат кога ќе ја наполните батеријата од 90 до 100 проценти, вие всушност сте искористиле една десетина од целото полнење.

Редно време беше да расчистиме со оваа дилема.

- Реклама -