…или зошто бегалците толку ја сакаат Германија.
Додека Германија се бори со големиот бран на мигранти „Њујорк тајмс“ објаснува зошто бегалците не сакаат да останат во други земји и како крајна дестинација гледаат на Германија.
Авганистанецот Нематаулах Јасор (22) минатата седмица доби множност за стажирање во германска компанија во Фридрихшафен, на границата со Австрија.
Токму тој град е местото во кое бегалците и мигрантите кои сакаат да се вдомат. Меѓу нив првата година беше и Јасор.
Талибанците му се заканувале со смрт доколку не им се придружи во борбените редови, па тој ги стопирал студиите по информатика и заминал на пат за Европа. Многу брзо го совладал јазикот и покажал дека е лојајен работник. По стажирањето, многу веројатно е дека ќе добие постојана работа.
Повеќе од било кои европски земји што се соочуваат со прилив на бегалци и мигранти, Германија – најголемата европска економија, на бранот гледа не само како предизвик туку и како можност.
„ Германија ќе има корист од луѓе како што е Јасор“, вели Роланд Биебл, надреден во компанијата.
Иако Германците сега посилно ја контролираат границата, германската влада планира да ги асимилира новодојдените. Наместо да живеат на товар на државата, Германија ќе им понуди да допринесат за економија.
Според некои проценти, најголемата европска економија има доволно работни позиции за сите мигранти, со оглед на тоа што им се заканува недостаток од работна сила, додека во исто време се зголемува бројот на пензионерите.
Голем дел од бегалците како Јасор, се образовани луѓе кои со себе носат одредени вештини што се потребни за одржување на економските точки.