iOS 9 веќе е достапен за iPhone, iPad и iPod Touch.
Потрошувачите треба да добијат известување за надградба во Settings -> General, а за да го инсталираат треба да направат Software Update. Постапката по ажурирањето е стандардна, со тоа што оваа година новата верзија на мобилниот оперативен систем има потреба од само 1.3GB слободен простор.
Со iOS 9 доаѓаат голем број на подобрувања, вклучувајќи и нов Low Power Mode, со кој што компанијата ветува зголемување на животниот век на батеријата до 3 часа. iOS 9 вклучува и надоградби за HomeKit и CarPlay, а со последното ќе можете да контролирате речиси сè во возило.
Siri пак добива нова функција со името Proactive која ќе обезбедува интуитивно нудење на информации кои можат да ви бидат потребни, базирани на вашите навики, локација и датумот. Една од најголемите промени е направена кај задачите кај iPad, со тоа што веќе ќе можете и да користите две апликации истовремено со поделба на екранот 50 на 50 или 70 на 30.
Се разбира, и оваа година дел од корисниците се судрија со проблеми при инсталирањето на софтверот. На Twitter многу луѓе се пожалија дека постојано им се појавува грешка при повлекувањето на iOS 9, излегувајќи прозорец со натпис “Software update failed. An error occurred downloading iOS 9 “. Проблеми имало и со iTunes.