Фејсбук продожува да се шири и најави нови промени.
Најголемата социјална мрежа наскоро ќе лансира верзија на својата социјална мрежа наменета за компании – Фејсбук на работа (Facebook at Work).
Пробната верзија на веб сајтот, направен за да ја олесни комуникацијата меѓу колегите, постои уште од почетокот на годинава.
Меѓутоа, пилот програмата наскоро ќе биде отстранета, бидејќи Фејсбук до крајот од годината официјално ќе ја лансира социјалната мрежа.
„Фејсбук на работа“ би требало да им овозможи на корисниците разговор со колегите, споделување документи, контактирање со други професионалци… како мрежата LinkedIn.
Предноста на новата мрежа на Фејсбук е тоа што нуди интерфејс што го познаваат корисниците, така што нема да им биде потребна никаква едукација пред да се впуштат на страната.
Како што велат од Фејсбук, во тек е утврдувањето на политиката на компанијата во врска со тоа што ќе се плаќа, а што ќе биде бесплатно.