Приказни од животите на генијалните умови во историјата што сме сигурни дека ќе ви се допаднат

Генијалноста речиси секогаш оди рака под рака со ексцентричноста, а такви епизоди имале и некои од најголемите умови во човековата историја.

Woman-Chalkboard-life-hack-science[1]

ПИТАГОРА
Веднаш ви текнува на питагоровата c²=а²+b², но некои ќе се досетат и на нешто друго: стравот на Питагора од грав. Бил вегетаријанец, а сепак, одбивал да јаде, но и да допре грав. Легендите велат дека токму овој негов чуден однос кон гравот бил причина за неговата смрт. Имено, Питагора и неговите ученици биле нападнати од разбојници од Кротон, а потерата иако долга била неуспешна, сé додека прогонетите не налетале на поле со засаден грав. Питагора одбивал да помине, заколнувајќи се дека попрво ќе умре отколку да го прегази гравот, со оглед на тоа што немало друг излез. Наводно, така и се случило.

БРАХЕ
Данскиот астроном Тихо Отесен Брахе изненадно починал во 1601-та година. Некои извори тврдат дека причината била труење со жива, но како што пишува LiveScience, се работи за нешто друго. Брахе бил страствен вљубеник во забавата и друштвените собири. Имал и свој остров на кој често приредувал забави за својот круг на пријатели. На кратко, „журкањето“ го сфаќал прилично сериозно. Во една таква прилика, на Банкет во Прага, Брахе решително одбивал да стане и да ја испразни полната бешика, бидејќи така ќе ги прекршел правилата на однесување. Лоша идеја – добил инфекција на бубрегот, по што бешиката му експлодирала, а Брахе починал единаесет дена подоцна.

ТЕСЛА
За еден од кандидатите за најголем гениј во историјата на науката важи дека пател од опсесивно-компулсивно пореметување. Тесла одбивал да допре било што што било нечисто, како на пример, влакна и бисерни обетки. Така, пред секој оброк употребувал точно 18 салвети за детално да го исчисти приборот за јадење. Од друга страна, бил опседнат со бројот „три“, а секоја зграда ја обиколувал три пати пред да влезе во неа.

ХАЈЗЕНБЕРГ
Не оној дилерот на дрога од мегапопуларната Breaking Bad, туку германскиот физичар и добитник на Нобелова награда – Вернер Карл Хајзенберг, докторирал во 1923-тата, ама за малку. Лесно можел да остане без докторат, бидејќи кога професорот го прашал како функционира батеријата, тој – еден од основачите на квантната механика, не знаел да одговори.

ОПЕНХАЈМЕР
Американскиот физичар Роберт Опенхајмер течно говорел осум јазици, се занимавал со поезија, лингвистика и философија. Заради толку широкото поле на интерес (ако смееме така да го омаловажиме) Опенхајмер ретко забележувал дека не сите од неговото опкружување се исто толку надарени. Популарната приказна е дека еднаш во 1931-та, на универзитетот во Калифорнија, го замолил својот колега Лео Неделски да го одржи предавањето наместо него, смирувајќи го дека сé што треба да каже се наоѓа во книгата што му ја подал. Кога Неделски ги отворил кориците, забележал дека сé е напишано на холандски јазик (јазик кој Лео не го зборувал). На неговиот протест, Опенхајмер зачудено одговорил: „Ама, холандскиот е толку лесен дански!“

ФУЛЕР
Архитектот и научник Бакминстер Фулер исто така бил дел од „клубот на ексцентричните“. Носел три часовници (познато ви е?) со цел секогаш да знае колку е точното време во три различни временски зони (не, не во минатото, сегашноста и иднината), спиел по два часа, а водел и детален дневник за својот живот. Кога велиме детален, мислиме на тоа дека Фулер внесувал нов запис на секои 15 минути. Денес, неговиот дневник се наоѓа на универзитетот Стенфорд и е висок 82 метри!

ЕРДЕШ
Унгарскиот математичар Пал Ердеш бил толку посветен на науката што одлучил да не се жени и практично немал дом. Постојано бил во движење, а често знаел без најава да се појави на вратата на некој од своите колеги и да рече: „Мозокот ми е отворен“, по што двајцата би се зафатиле со решавање на задачи и загатки, и тоа во сесии што некогаш траеле и по два дена. Во неговите попознати денови, Ердеш извонредно многу сакал да консумира кафе, кофеински пилули и амфетамини, сé со цел што подолго да остане буден. Со математика се бавел просечно по 19-20 часа дневно, а во животот објавил повеќе од 1500 важни дела.

ФАЈНМАН
Ричард Фајнман е еден од најпознатите теоретски физичари на 20-от век. Додека работел на изработка на плановите за проектот Менхетен, Фајнман „си играл“ обивајќи брави и сефови, за да покаже колку е лесно да се упадне во разни системи. Имал и други авантури: се дружел со танчерки во Лас Вегас, станал експерт за мајански јазик и научил туванско пеење од грло

ХЕВИСАЈД
Британскиот математичар и инженер, Оливер Хевисајд, пријателите го сметале за многу необична личност. Имал обичај да ги лакира ноктите со розева боја, преку ден пиел само млеко, боледувал од хиперграфија (интензивна желба за пишување), а куќата му била обложена со огромни гранитни блокови.

МАРШ vs. КОУП
Отниел Чарлс Марш бил палеонтолог во музејот Пибоди на универзитетот Јејл. Едвард Дринкер Коуп работел на академијата за природни науки во Филаделфија. При крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, тие двајцата заедно работеле на бројни ископувања. Но, по некое време, престанале да бидат пријатели, а нивното ривалство прераснало во едно од најпознатите непријателства во историјата на науката. Така, на едно ископување Марш ги подмитил чуварите на локалитетот постојано да му пречат на Коуп и да го одвраќаат од вистинските трагови, а во една друга прилика најмил шпиуни да го следат Коуп додека работел без него. Во нивно време кружеле и гласини дека еден на друг си подметнувале и динамити, за меѓусебно да си оневозможат евентуални важни откритија. Нивните судири, познати во научните кругови како „Војна на коските“, продолжиле во текот на многу години, во кои двајцата меѓусебно се навредувале и се обвинувале за злоупотреба на финансиски средства. Иронијата е што, сепак, тие двајцата значително придонеле во науката и дошле до запрепастувачки откритија во сферата на палеонтологијата.

- Реклама -