Најубавите потопени градби во светот

Градби со разни намени излегуваат од водата на реки и езера, потопени од милиони литри вода. Места каде што луѓе живееле и работеле оставени на рибите.

Човекот ги потопил овие градби создавајќи вештачки езера. Цркви, манастири, палати и тврдини остануваат полупотопени привлекувајќи фотографи и туристи.

1. Црква Св. Никола, Македонија

Црквата Св. Никола во Маврово била изградена во 1850 година и опстојала 153 години, сè додека не било решено да биде изградено вештачкото езеро. Црквата беше потполно потопена, но со летните суши во 21 век таа повторно излегува од водата.

2. Црквата од Алтграун, Италија

Плановите за вештачко езеро во регионот започнале уште во дваесетите. Но планот не добил подршка и се соочил со сериозен отпор од околните градови. По неколку одложувања и жалби селата Граун и Решен биле потопени во 1950 година. 163 домови биле потопени, вклучувајќи ја и познатата црква, чија камбанарија се уште стои 6 метри над површината.

3. Црквата од Стара Петроландија, Бразил

Петроландија е град во Бразил во близина на реката Сао Франциско, кој бил делумно поместен по изградбата на брана. Единственото нешто што останало е црквата која е неверојатно прекрасна глетка.

4. Камбанаријата Калјазин, Русија

Камбанаријата Калјазин е кула во неокласичен стил со висина од 74,5 метри. Таа стои над површината на Резервоарот Углич на реката Волга во близина на градот Калјазин. Камбанаријата била изградена помеѓу 1796 и 1800 година како дел од манастирот Св. Никола.

Кога Сталин наредил да биде изграден Резервоарот Углич во 1939 година стариот дел од Калјазин, опфаќајќи неколку средновеквни градби бил прекриен со вода. Камбанаријата станала главната атракција во регионот поради што бил создаден и мал остров со док за бродови.

5. Палатата Џал Махал, Индија

Џал Махал (во превод „Водена Палата“) е палата сместена во средината на езерото Ман Сагар во Џаипур, главниот град на Раџастан, Индија. Изградена како палата за задоволство на кралското семејство во 1799 година, Џал Махал е екстремно романтично место со прекрасна архитектура која создава неверојатни одрази од мирната вода на езерото. Првите четири ката од палатата се под вода и само најгорниот спрат е сув.

6. Црквата Медиано, Шпанија

Црквата Медиано е црква од 16 век во Медиано, потопена општина во Ла Фуева, Шпанија. Црквата била потопена заедно со целото село во шеесетите при изградба на резервоар. Последните жители го напуштиле селото дури кога водата почнала да влегува во нивните домови. Кога акумулацијата е полна, длабочината до основата на кулата е околу 30 метри.

7. Тврдина Трикуле, Романија

Тврдината Трикуле била изградена во 15 век за да се спречи проширувањето на Турците на запад. Рушевините денес се наоѓаат на границата помеѓу Романија и Србија на левата страна од Дунав. Трите кули со триаголен распоред стоеле на падините на рид пред 1971 година. Денес јужната кула е целосно потопена од Дунав; кулите се 10 и 11 метри високи. Сите три се изградени од камен и имаат ѕидови дебели 1,4 метри и по три ката.

8. Црквата на Христовото Раѓање, Русија

Оваа црква била изградена околу 1790 година во населбата Крокино. Црквата се наоѓала на брегот на езерото Белоје во близина на реката Шексна. Кога Советите започнале да градат хидроелектрана црквата потонала. Резултат на потопувањето е што јужниот ѕид е речиси уништен но половина од црквата сè уште стои. Во 2009 започнал проект за спас на црквата.

Бонус: Враќањето на Црквата Потоси во Венецуела

Потоси во Венецуела не привлекува туристи уште од 1985 година. Таа година градот бил потопен со цел создавање на хидроелектрана. Но сушите од 2009 и 2010 година предизвикале нивото на водата во вештачкото езеро се спуштило толку многу што претходно потопената црква сега е повторно на суво.

Никој ја немал видено целата црква 25 години. Добра вест е што многу луѓе ќе можат да ја видат прекрасната градба, лошата вест ешто 68 проценти од електричната енергија во Венецуела потекнува од хидроелектрани. Тоа значи дека земјата се соочува со официјална енергетска криза.

- Реклама -