Поминаа 24 години од снимањето на еден од најкултните филмови на овие простори, „Црни бомбардер“ на Дарко Бајиќ каде визионерски наговести што ќе се случува до крајот на последната декада на 20тиот век.
Во една од најголемите актерски екипи предводена од Петар Божовиќ, Даниел Бата Стојковиќ и Драган Максимовиќ, следеше младата гарда на чело со
Драган Бјелогрлиќ, Аница Добра и Срѓан Тодоровиќ.
На оваа фотографија, направена на самото снимање на филмот се наоѓаат 5 глумци кои се сеуште активни. Дали ги препознавате?
Еве и наша помош. Од лево кон десно: Горан Радаковиќ, Аница Добра, Бранка Пујиќ, Драган Бјелогрлиќ и Дарко Томовиќ.