Викторија Бекам ги брише тетоважите од своето тело. Креаторката видена на Модната недела во Њујорк која на своето тело само малку се надѕираа избледените тетоважи. Имено, Викторија направила ласерски третман за да отстрани неколку теотважи. Интересно е тоа што таа ги отстранува тие тетоважи кои се посветени токму на неговиот сопруг Дејвид Бекам.
Додека Дејвид постојано ја збогатува својата колекција на тетоважи на своето тело, Вики да се ослободи од тие украси.
Таа ја острани тетоважата напишана на хебрејки, која гласи : „Јас му припаѓам на саканиот и мојот сакан ми припаѓа мене“. Но не е само тоа, веќе го нема ни датумот на обновување на нивните брачни завети, што го истетовирала во 2006 година, на зглобот на раката, како ни фразата „повторно од почеток“ на латински, кога со семејството се преселија во Америка, 2007 година.
Дали отстранувањето на тетоважите значат нешто, дали Бекамови имаат кризи во бракот, за тоа тек ќе дознаваме.