Само една песна им донесе милиони. Се сеќавате ли на овие хитови?
Листа на пејачи што живеат на стара слава. Тие никогаш не успеаа да го повторат успехот на своите хит синглови, но затоа и понатаму заработуваат од нив.
Bobby MсFerrin – “Dont Worry Be Happy”
Ги освои топ листите во 1988 година. Иако за многумина неговото име не познато, тој освои дури 10 Греми.
Sir-Mix-A-Lot – “Baby Got Back”
Песната за големи задници на раперот се лансираше на врвот на најголемите поп тип-листи, иако првично беше забранета на MTV. Таа му донесе дури шест милиони долари, што ги вложи и основа своја издавачка куќа.
Sinead O Connor – “Nothing Compares 2 U”
Таа беше успешна и пред баладата која ја напиша Принс, но токму оваа песна и го донесе првото место на топ листите како и шест милиони долари.
House of Pain – Jump Around
Еверлест, главниот пејач на групата, благодарение на песната која што и денес ечи низ клубовите, заработи дури 15 милиони долари.
Non Blondes – Whats Up
Пејачката Линда Пери и нејзиниот алтернативен женски бенд имаа само еден албум, од кој се издвои еден хит. Песната „тежи“ 18 милиони долари.
Billy Ray Cyrus – Achy Breaky Heart
Денес сите го знаат како татко на поп ѕвездата Мајли Сајрус, но постарите уште го паметат неговиот кантри хит од 1992 година.
PSY – Gangnam Style
Апсолутен победник и сопственик на најгледаното видео на Јутуб.