Наскоро „Dislike“ опција на Фејсбук

По повеќегодишна дебата, изгледа дека најактивната социјална мрежа е на само неколку чекори од воведување на „Dislike“ опција на страната.

Директорот на Фејсбук, на состанок во седиштето на компанијата изјави дека во следните месеци планираат да ја воведат опцијата „Не ми се допаѓа“, покрај постоечката „Ми се допаѓа“. Зукерберг истакна дека ова им овозможува на корисниците да ги искажат своите емоции, со тоа што досега имаа на располагање само една опција.

„Корисниците со години прашуваа за воведување на „dislike“. Денес конечно можам да потврдам дека работиме на тоа и наскоро ќе биде достапно“, изјави Зукерберг и додаде дека „ Не е секој момент, добар момент. На пример, ако споделувате содржини како што се вестите за избегличката криза или статус за смрт на некој во семејството, не е најпријатно да се притисне „ми се допаѓа“ на таква содржина. Сметам дека на корисниците им е важно да се воведат повеќе опции“.

- Реклама -