Вештачка рака овозможува чувство на допир

Американски инженери развија протеза на рака која овозможува да се чувствуваат предметите што ги допира.

Проектот се реализира во рамките на програмата, поддржана од американската одбранбената агенција за перспективни случувања DARPA.

Првиот човек кој ја добил протезата е 28-годишен пациент, чиј што лев дел на телото бил парализиран како резултат на оштетување на ‘рбетниот мозок.

И порано беа креирани протези кои што можеа да се управуваат со силата на мислата, но преносот на информации во нив се одвиваше само во една насока.

proteza

Новата протеза помага да се испратат тактилни податоци во мозокот, кои ја подобруваaт точноста на движења на протезата.

За билатерален пренос на сигнали стручњаците имплантираа електроди во сензорите и моторната кора на главниот мозок.

Во прстите на протезата биле поставени сензори што генерираат електрични сигнали при притисок. За време на експериментот пациентот со затворени очи со 100 процентна точност успеале да утврдат со кој прст допира протезата.

Револуционерната иновација во иднина би можела да им помогне на многу луѓе повторно да го почувствуваат допирот.

 

- Реклама -