Porsche ја претстави обновената верзија на 911 пред буквално неколку дена, но во компанијата веќе размислува и за целосно нов наследник на возило.
Се очекува тој да пристигне во 2018 година, а според плановите една од верзиите ќе користи хибриден погон.
Како и сегашниот модел, новината ќе се базира на платформата MMB, но каросеријата ќе биде намалена. Основната идеја при користењето на хибридната технологија е постигнување на поголема моќност, а пониски емисии, со кои брендот ќе може да одговори на зголемените барања на производителите за исфрлање штетни гасови.
Што се однесува до другите верзии, сите ќе бидат со турбо полнење, а моќноста на сите агрегати ќе биде зголемена.