Ким Кардашијан освен што е позната како светска старлета, таа исто така е модна икона. Но сепак мора да признаеме дека Ким направи многу грешки кога се работи за стилот, а за тоа виновен е нејзиниот сопруг Кание Вест. Ким се пофали дека многу од работите што ги носи всушност Кание и ги бира, и дека тој е нејзин стилист. Тоалетите во кои ја гледаме Ким додека е во текот на бременоста навистина не шокираат. Нападна кожа, многу набори, војнички фазони, провидни фустани кои не прилегаат на нејзиното тело, како и воопшто на жена која е бремена. Па затоа во последниот период титулата модна икона ја замени со модна „катастрофа“.
Најновото излегување на Ким беше во вампирски стил, црн фустан низ кој се гледа стомакот стомакот е премногу за неа. Сепак фустанот треба да си остане закопчан и стомакот да не се гледа. Секако Ким носи и долг мантил, кој служи за прикривање на задникот и рацете.
На малата Норт не можеме ништо да и замериме, затоа што таа е секогаш беспрекорно облечена.Додека за мејзината мајка на доделувањето на VMA наградите модните критичари го оценија нејзиниот изглед за апсолутена утка.
Свесни сме дека Кание има најдобри намери, но сепак му препорачуваме да не се меша во стилот на неговата сопруга.