Ова чудо на имагинацијата и архитектурата веројатно е сон за секој со безгранични финансиски можности.
Луксузната јахта ги поседува сите современи удобности кои ќе го направат одморот комплетен, ќе го исчистат умот од безбројните проблеми, и ќе ги изолираат патниците од стресот и напнатоста.
Многу луѓе претпочитаат одмор на осамен остров, СПА паузи меѓу тропски предели или едноставно бегство сред природата. Што ќе кажете сепак, ако можете да се занесете на одмор среде бескрајниот океан, на лебдечки тропски остров?
Да, постои такво место кое изгледа како фантастична идеја, но всушност е целосно реален. Преносниот остров се наоѓа на одборот на луксузната јахта “Tropical island Paradise” и е долг 90 метри.
Компанијата од Велика Британија го има предвидено сонот на многу луѓе, кога започнала со изградба на проектот. Модерната карипска јахта е во форма на залив, а внатре има палми, базен со поглед кон океанот и писта за хелихоптер.
На јахтата може да се сместат до 10 гости. Дизајнерот на ентериер се погрижил да обезбеди и кино, библиотека, сала за игри, фитнес, спа центар и ВИП апартмани лоцирани на две палуби.