Hemija.net има многу интересни работи во врска со хемијата, меѓутоа изгледа дека треба да поработи малку на хумор секцијата. Таму, покрај останатото, може да најдете „меко порно“ меѓу два-три електрони чиј дијалог изгледа како нешто преземено од шпанска серија, само со молекули. „Водород: Ооо… погледни ги електроните на оној пропен! Хлор: Што ти е на тебе?! Зарем не ти се добри моиве електрони?“. Вежбајте со пријателите, само вака се учи хемија! [молекулска драма]