Федерер официјално најдобар тенисер на сите времиња

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер овој понеделник ја стартуваше 287. недела на врвот на светскиот тенис, со што и официјално го надмина рекордот на Пит Сампрас.

Федерер првпат заседна на тронот на 2 февруари 2004 година и оттогаш цели 237 недели без пауза беше на првото место на листата на АТП. Оттогаш имаше подеми и падови, беше и на третата позиција, но со одлични игри оваа сезона успеа да се врати на врвот.

Во моментов, Федерер има само 75 бода повеќе (11.075) во однос на Новак Ѓоковиќ (11.000), кој треба да брани поголем број бодови до крајот на сезоната. Се очекува швајцарскиот ас најмалку и во наредните три недели да биде на врвот, па најверојатно ќе постави рекорд од 290 недели како најдобар светски тенисер.

Прочитајте и:  За македонското знаме во собата на Федерер
- Реклама -