Николина Пишек, една од актуелните водителки на X Фактор, била нападната во Ташмајданскиот парк во Белград, кога врз неа скокнала жена и започнала да ја кубе по косата.
Водителката раскажала за инцидентот во хрватските медиуми.
„ Додека мојата дадилка ја туркаше количката со мојата ќерка Уна Софија, пред нас се појавија големи кучиња, а нивната сопственичка не направи ништо да ги смири, иако едното скокаше по детската количка. Морав да реагирам. Започнавме да се расправаме, но бидејќи тоа не водеше нигде се свртев и си заминав“, раскажува Пишек. Таа вели дека изнервираната сопственичка тргнала по неа и ја фатила.
„ Започна да ме влече за коса, ме тегнеше и ме пцуеше. Нормално дека и одговорив. Викаше дека ме препознала, дека знае која сум, додека јас бегав од паркот. Се исплашив за себе, бебето и кучињата“, вели водителката.