Актерката која се прослави со улогата во тинејџерската серија „Беверли Хилс“ го тужеше поранешниот менаџер, префрлајќи му ја вината за состојбата во која што се наоѓа.
Шенон Доерти (44) која се прослави со улогата на Бренда во „Беверли Хилс“, ја шокира јавноста со објавата дека заболела од рак на дојката.
За да биде се уште почудно, Шенон за својaтa болест го обвини поранешниот менаџер, па дури и поднесе тужба против него.
Откако во март и беше дијагностициран агресивен облик на рак на дојката, Шенон го тужеше Танер Мајнстајн, својот некогашен менаџер, кој го обвини дека не и исплаќал здравствено осигурување, поради што, како што тврди, не отишла на време на лекар и болеста не била откриена во рана фаза.