Американската пејачка Бијонсе, откри од каде ја добила инспирацијата за новата фризура, која ја претстави пред неколку дена.
Пејачката на својот Инстаграм профил со своите обожаватели сподели слика, на која има само осум години.
На црно белата фотографија, Бијонсе е сликана со насмевка и стрпливо седи на столицата додека нејзиниот фризер ѝ плете плетенки.