Модниот бренд Vetements можеби не и е познат на масовната публика, но тоа сигурно нема да биде за долго.
Делата на предметниот моден бренд се прикажуваат на Неделата на модата во Париз само две сезони, но Брендот веќе успеа да го привлече вниманието на ѕвездите.
Доказот за ова доаѓа во форма на интересна модна битка помеѓу раперот Канје Вест и пејачката Ријана, а причината поради која што се надоа еден спроти друг, е црниот памучен блузон, дело на францускиот бренд Vetements.
Прв во блузонот се појави Канје Вест, и тоа, на почетокот на април. Тогаш Канје го имаше искомбинирано со црни фармерки и патики со кафеава боја.
Ријана го облече истиот блузон пред неколку дена, за инает на горештините во САД. Одлуката на Рири да излезе на најголемите горештини со блузон изненади многумина, а комбинирање со кратко и чипкано здолниште и сандали со врвки, не го направија нејзиниот избор поприфатлив.