Ријана се појави облечена во креација на македонски дизајнер

Ријана важи за една од дамите кои секојдневно привлекуваат внимание со своето однесување и модни избори.

Кога станува збор за парчињата што ги носи, на едни не им се допаѓаат нејзините избори, а други пак ги проследуваат со огромно задоволство.

Сепак, денешниот избор мораме да го искоментираме, со оглед на тоа што светската ѕвезда се појави облечена од глава до пети во дизајн на домашен креатор.

Пончото и хеланките се создадени од страна на Марјан Пејоски и Сашо Безовски кои се потпишуваат зад брендот KTZ. Шарениот комплет е дел од есенската колекција за 2015-та.

Како ви се допаѓа?

0-rihanna-coachella-ktz-printed-poncho-and-leggings

rijana-koacela-festival

 

- Реклама -