Само уште вчера беше русокоса, а денес освојува во издание во какво најдобро ја знаеме.
Ким Кардашијан уште еднаш стана бринета. Или русата коса ѝ здосадила, или ѝ здодеале споредбите со Јелена Карлеуша, која ја обвини за кражба на стилот и од тоа направи одлична работа, појавувајќи се во сите светски медиуми.
Прочитајте повеќе: Фолк ѕвездата брутално одговара на споредбата со Ким: „Јас немам секс снимка но…“
Вистинскиот одговор го знае само Ким. Можеби ѝ здосадило постојаното избелување, фарбање и покривање на пораснатите темни влакна.
Ким е сликата од папараците минатиот ден во попладневните часови со нејзината ќерка Норт, која очигледно не сакала да си замине од часовите по танц.