Старлетата Ким Кардашијан, како многу пати до сега, повторно е најактуелна тема на интернет.
И најдобрите фризери реагираат на новата руса боја на коса на Ким… велејќи дека ектремната промена значи „нешто драматично се случува“.
Еден од нив изјавил: „Ние не мислиме дека оваа боја ѝ одговара на Ким. Таа целосно го загуби својот идентитет. На нејзиниот долг сјаен изглед ѝ завидуваа многумина долго време, и иако русокосата коса е изјава, таа го изгуби својот заштитен знак и не се издвојува од толпата повеќе. Често пати екстремната промена на фризурата или бојата може да биде знак дека нешто драматично се случува во нечиј живот, па можеби тоа е во овој случај“.
Нема сомневање дека таа привлече големо внимание со овој изглед, а корисниците на социјалните мрежи најдоа начин да се пошегуваат со Ким, па многумина ја споредија со имагинарни филмски ликови.