Опишана како „икона” пејачка ужива посебно внимание и почести од уметничкиот директор на Balmain – Olivier Rousteing. Барбадоската гордост се појави во рекламна кампања на брендот, претставувајќи модели од колекција за сезоната пролет / лето 2014.
„Кога жената која тие инспирира, носи твоја облека, визијата за личното творештво станува исполнета “, изјави за Vogue дизајнерот на Balmain.
Фотосесијата е фотографиранa во Њујорк од Инес ван Ламсуиерд и Винуд Матадин, а стајлингот е на Мел Отенберг кој е и личен стилист на Ријана.
Оваа недела се покажа прилично успешна за Ријана, откако постигна успех со заедничкото парче со Еминем – „Monster”. Песната за рекордно време стана 13-тиот по ред нејзин хит сингл, предводејќи ги речиси сите листи. На Твитер таа ја сподели возбудата од успехот на песната: „Леле! Не можам да ви опишам како треперам. Не можам да верувам! Вие го направивте! # 13 по ред хит! ”