„Сè што направи беше совршено“: Добрата реакција на вештиот пилот Харисон Форд му го спаси животот.
Актерот Харисон Форд е тешко повреден во четвртокот кога авионот со кој управувал се урна на голф терен во Лос Анџелес, набрзо по полетувањето од локален аеродром.
„Пилотот на авионот преживеа, тој е при свест и самостојно дише“, изјави помошникот на шефот на пожарникарната служба Патрик Батлер, кој не сакал да потврди дека во авионот бил актерот Харисон Форд, но тоа го потврдија извори блиски до истрагата на несреќата. Бил бил „свесен“ кога пристигнала итната помош, и моментално е во болница во стабилна состојба.
„Несреќата се случила околу 14:25 часот попладне, а причината била дефект во моторот на авионот“, изјавила потпаролката на полицијата.
Агентите на Форд не биле достапни за коментар, а американските медиуми пренесуваат дека 72-годишниот актер претрпел неколку повреди на главата и дека обилно крварел.
Актерот најпознат по неговите улоги на Индијана Џонс и вселенскиот херој Хан Соло во „Војна на ѕвездите“ е голем љубител на летањето и лета од 1960-та година, а неговите пилотски способности се покажаа како одлични, со тоа што само тие му го спасија животот.