Популарната мексиканска актерка почина само шест дена откако го прославила 44-тиот роденден.
Мексиканската актерка Лорена Ројас, која се прослави по улогите во мексиканските сапунски серии, почина од рак, пишува LA Times.
Лорен била дијагностицирана со рак на дојка во 2008 година, додека се обидувала да забремени. Иако тогаш мислела дека ќе се излекува, за жал ракот метастазирал и на други органи. Минатата година дознала дека ракот се проширил на црниот дроб, но сепак се борела за живот и не губела надеж. Битката со оваа убиствена болест сепак ја изгубила само шест дека откако го прославила својот 44-ти родеден.
Ќе остане позната по своите улоги во мексиканските сапунски серии како „Љубов и грев“, „Другата страна на љубовта“, „Крадец на срцата“… и многу други. Многу колеги оставиле порака преку социјалните мрежи за тоа како ќе им недостига Лорена, а сите латински медиуми пишуваат за нејзината смрт.
Нејзиното искуство, пак, нас не принудува подобро да се грижиме за своето тело и здравје, и дека треба навремено да дејствуваме.