Лејди Гага изјави за своите обожаватели на концертот во Лондон, дека продолжува да зема секојдневно лекови против депресија.
Пејачката зборуваше пред некое време за битката со депресијата, откако призна дека страда најмногу кога е на турнеја и се почувствувала особено лошо во крајот на 2013 година.
За време на концертот во “О2 Арена” во британската престолнина, Гага откри дека продолжува да зема секој ден апчиња за борба против депресијата откако прочитала од сцената писмо од обожавател кој се обидел да се самоубие.
„Секој ден пијам лекови против депресија … Мислев: „Зошто не можам да се чувстувам среќна? “. Но, потоа сфатив дека сум родена таква и за некои луѓе е тешко да ја видат светлината . Но депресијата треба да биде прифатена многу сериозно “, рече Гага.
Потоа таа му ја посвети баладичната верзија на песната Born This Way на депресивниот обожавател.