Рано утринава во ноќниот клуб 10AK во Холивуд, дошло до пукање на концертот на Крис Браун.
Ранет е продуцентот Шуг Најт, за кој се зборува дека е одговорен за смртта на Тупак.
Шуг е погоден со два куршума во пределот на стомакот и раката и веднаш бил пренесен во болница на операција.
– Се слушнаа 4 истрели. Потоа Шуг излезе надвор запрепастувачки. Полицијата веднаш го забележала и го однела во болница- пренесуваат очевидци.
Забавата од самиот почеток била полна со тензија. Еден час пред пукањето во клубот дошол раперот Гејм со своите пријатели и имале судар со обезбедувањето. Наводно имало вистинска борба. Се уште не е познато дали овој инцидент има некаква врска со пукањето и дали Браун е поврзан со тоа.
Инаку, Најт бил некогаш директор на компанијата „Death Row Records“ која доминирала во првата половина на 90-тите години и издавала албуми на Др. Дре, Тупак, Снуп Дог… Според некои теории, токму тој бил виновен за убиството на Тупак и Notorius B.I.G..
По пукањето, Крис Браун заминал во својото автомобил…