Се чини „добриот“ машки бенд не е толку чист, па One Direction би можеле да бидат мета на критики…
Членовите на популарниот британски бенд One Direction би можеле да бидат мета на критика од обожавателите, а особено од нивните родители.
Всушност, додека момчињата биле на пат во Перу, каде требаше да одржат концерт, Зајн Малик и Луис Томлинсон беа снимени во задниот дел од автомобилот како пушат „џоинт“, пишува Daily Mail.
На снимката, која е обавена на британските портали, момците се шегуваат на сметка на марихуаната, а Зајн рекол дека конзумирањето на марихуана се смета за многу контоверзно. Потоа и самиот Зајн посакал да запали, а еден од членовите на бендот му подаде запалка и Зајн дувнал дим во камерата. Двајца членови од бендот, Хари Стајлс и Ниал Хоран не биле со нив во колата.