Познатата пејачка признала дека дури сега се чувствува одлично.
Пејачката и дизајнерка Џесика Симпсон гордо го покажува своето тело откако ослабела 30 килограми.
На Инстаграм објавила фотографија на која нејзината завидна линија доаѓа до израз.
На вечерата во Белата куќа одрана овој викенд во долг црн фустан мамела воздишки, а во секси поза позирала заедно со пријателките.
Џесика имаше проблеми со килограмите за време и по бременоста, а откако го родила своето второ дете, синот Ејс, ослабела 30 килограми со редовно вежбање и правилна исхрана.
„Во ова тело израснаа две прекрасни мали суштества. Го обожавам своето тело и свесна сум што можам да гледам на килограмите како нешто не толку страшно. Но, во сегашната големина се чувствувам навистина одлично“, рекла Џесика.