Светот го запозна малиот Сејџ Мунблад Сталоне 1990 година, кога го играше синот на Роки Балбоа, во петтиот дел од серијалот за семоќниот боксер. Синоќа, тој бил пронајден во својот дом во Лос Анџелес, предозиран со апчиња.
Полицијата сè уште го нема затворено случајот како самоубиство или несреќна смрт, туку и натаму ги испитува причините за смртта. Сепак, како што изгледа на прв поглед, се работи за предозирање со апчиња.
Луѓето кои му беа блиски на Сејџ Мунблад Сталоне, вклучително неговите родители Силвестер Сталоне и Саша Чак, велат дека се премногу потресени за коментари, но се едногласни дека се работи за вистинска трагедија, затоа што тој бил исклучително добра личност и многу ќе им недостига.
Сејџ Мунблад Сталоне имаше само 36 години во моментот на својата смрт.
[Sylvester Stallone’s son Sage found dead in Los Angeles at 36 of possible overdose]