Стампедо: Фановите и се фрлија на Ријана, има и повредени

Кога Ријана излегла од својот автомобил, тие буквално ја нападнале, па нејзиното обезбедување имало проблем со регулирање на толпата.

Популарноста на Ријана расте од ден на ден, а тоа најдобро го покажува и сцената која се случи пред еден француски бутик.

Имено, пејачката тргнала на шопинг по француските бујтици, но набрзо ја препознале нејзините обожаватели. Кога Ријана излегла од својот автомобил, тие буквално рипнале врз неа. Поради претераната желба да бидат крај неа, обожавателите успеале да ја срушат заштитната рампа, па неколку од нив останале лесно повредени.

- Реклама -