Ријана: За малку ќе банкротирав, поради глупавиот сметководител

 

Ријана пред неколку години за малку ќе банкротираше.

Таа, за тоа го обвини својот сметководител, кој, како што таа вели, ја водел до финансиски пропаст.

Дури сега во јавноста се појавија детали за случајот на банкротот на Ријана од пред неколку години.

Имено, во правните документи на Ријана се наведува како на почетокот на 2009. година таа имала 11 милиони долари, а до крајот на истата година и останале само два милиони. Да бидат нештата уште полоши, нејзините лични трошоци се дуплирале, поради што фалело малку да остане без ништо.

Таа за тоа го обвинува својот сметководител, кој и рекол дека може да купи куќа од седум милиони долари, а подоцна ја продала куќата за два милиони помалку.

– Поради глупавиот сметководител за малку ќе останев без ништо – огорчена е пејачката.

Таа исто така тврди дека на турнејата „ Last Girl on Earth”  губела пари, место да ги заработува. Во моментов има 43 милиони на сметката.

- Реклама -