Принцот Вилијам (31) одлучи да го продолжи своето образование на Универзитетот Кембриџ, каде ќе студира менаџмент за агрикултура.
Курсот за менаџмент на агрикултура Војводата ќе го посетува десет недели во кои ќе бидат вклучени приватни часови, групни предавања и посета на терени.
– Целта на принцот во превземањето на курсот е и учењето на иновации во областа на земјоделството во руралните заедници на Велика Британија, изјави менаџерот за односи со јавноста на Палатата.
Курсот ќе заврши кон средината на март, по што принцот Вилијам со неговата сопруга Кејт Мидлтон и синот Џорџ заминуваат во Нов Зеланд и Австралија.