Неодамна одекна веста дека Џастин Бибер ќе се повлекува од сцената, откако тој го кажа тоа на радио емисија. По изјавата сепак следеа бројни шпекулации дека е шега и дека тој ги демантирал ваквите тврдења.
Сепак неговите фанови денеска останаа во шок кога тој објави на својот Твитер порака дека навистина ова е неговиот крај.
„Драги Бибери, официјално се повлекувам од сцената”, стои во пораката.
„Да се биде Бибер не е лесно. Тоа е животен стил. Никогаш нема да ве напуштам. Бидете внимателни и сакајте се едни со други, простете како што Бог ни простува нас преку Исус”, напиша пејачот, а потоа на сите им го честиташе Божиќ.
Подоле тој обајсни дека медиумите пишувале секакви глупости за него со цел да го уништат.